Охрид, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дуќанџиите од Старата охридска чаршија ги почитуваат препораките на македонската Влада и по 18:00 часот и вечерва ги затворија дуќаните.
– Дуќаните се веќе затворени, здравјето на граѓаните мора да биде пред се’, велат за Супер радио и OhridPress.
Владините мерки ги забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, кафитериите и рестораните да работат до 18:00 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Мерката ги опфаќа и кино салите, театрите, обложувачниците и казината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 55