април 11, 2022

Охрид, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Жарко Јакимоски, вокалистот и басист на групата The Backdoor Band, е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Во ноември, The Backdoor Band прославува полни 12 години успешна работа. Јакимоски вели дека од мала гаража, од две-три (некогаш и погрешни) ноти, прераснале во респектиран бенд. Во Република Македонија скоро и да не постои место каде што не настапиле. Надвор од земјава имаат настапувано во Норвешка, Германија, Романија, и во скоро сите земји на Балканот. Публиката ги знае и по еден навистина интересен настан наречен Truck & Roll со кој секоја година го привлекуваа вниманието на јавноста.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: The Show Must Go On на Queen, The Unforgiven на Metallica и Looking For The Summer на Chris Rea.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Јакимоски падна на Меморија со „Оган под ѕвездите“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука