Виена, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) –По одигрувањето на последното коло во ракометната ЛШ познати се сите 16 осминафиналисти, кои поделени во четири барабана ќе формираат осум осминафиналните двојки.
При формирањето на двојките важи правилото според кое не може да се добие за противник екипа која доаѓа од истата група од групната фаза.
Вардар, како единствен претставник од Македонија, за противник ќе има една од следните три екипи: Загреб, Висла Плоцк или Данкерк.
Барабан 1 Кил Барселона Веспрем Киелце
Барабан 2 ПСЖ КИФ Колдинг Вардар Пик Сегед
Барабан 3 ППД Загреб Висла Плоцк Р.Н.Ловен Данкерк
Барабан 4 Натурхаус Фленсбург Монпелје Алборг
Ждрепката во Лигата на шампионите ќе биде денеска во Виена, со почеток во 12.30 часот.
Првите осминафинални натпревари ќе се играат во период од 11 до 15 март, додека реванш-средбите се планирани во период од 18 до 22 март.
Првопласираните и второпласираните екипи во своите дуели ќе ја имаат предноста да бидат домаќини на реванш-средбите.(Крај)
извор: Спорт ТА/РК Металург фото: архива