Охрид, 23. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Животот повторно ја победи човечката злоба и неодговорност, но и суровите временски услови.
Дрвото на карпата во Елешец, препознатлив белег на брегот на Охридското Езеро кое беше уништено од неодговорни поединци пред неколку години, повторно почна да расте од истата карпа.
Во декември 2015 години на социјалните мрежи имаше масовна осуда и гнев поради унишутувањето на ова уникатно дрво, кое беше овековечено низ многу познати фотографии, а беше дел и од многу видео спотови снимени во земјава.
Истото дрвце беше повторно на мета на недговорни поединци и во април минатата година, но сепак успеа да преживее и повторно е украс на Елешец, едно од најубавите места на ривиерата.
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 66