јули 14, 2024

Велат дека оваа приказна е вистинита.

Некој богат белец влегол во ресторан во Мајами. Веднаш забележал една црна дама како седи во еден агол. Се приближил до шанкот, го извади паричникот и извикал: Пијалоци за сите, освен за онаа црна девојка во аголот!

Шанкерот наплатил и почнал да им служи бесплатни пијалоци на сите, освен на црната дама. Наместо да се вознемири, таа го кренала погледот кон белецот и извикала: „Благодарам!

Ова уште повеќе го налутило богатиот. Уште еднаш го извадил паричникот и наредил: Келнер! Шише вино и храна за сите, освен за онаа црна девојка!

Шанкерот почнал да им служи на сите во ресторанот бесплатна храна и вино. Ги послужил сите, освен црната дама во аголот. Кога завршил со послужување и наплатил за услугата, дамата повторно му се насмевнала на мажот и му рекла: „Благодарам!

Тоа само го налутило повеќе. Се наведнал над шанкот и го прашал шанкерот:

– Што не е во ред со таа црна девојка? Купив храна и пијалоци за сите во овој локал освен за неа, и наместо да се налути, таа само седи таму, ми се насмевнува и ми вика „Благодарам“. Зарем не е лута?

Шанкерот му се насмевнал и му рекол: „Не, таа не е луда, таа е сопственик на овој ресторан. Таа е благодарна кога нејзините непријатели работат за неа.

НИКОГАШ не ги прекинувајте непријателите кога грешат…

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука