„The Intouchables“ – вистинска приказна
Филмот „The Intouchables“ од 2011 година е базиран врз вистинска приказна. Филип е француски бизнисмен кој бил роден во аристократско семејство како син на француски војвода и, како што самиот вели, бил хранет со сребрена лажица. Покрај наследното богатство, Филип бил и трговец со шампањ што му овозможило раскошен живот и имал буквално се’ што ќе посакал.
Се’ се сменало во 1993 година кога доживеал несреќа со параглајдер при пто се здобил со сериозни повреди на ‘рбетот и завршил во постела.
Тоа му паднало многу тешко и на почетокот не можел да се справи со проблемите и се обидел да се самоубие. Сепак, Филип ја повратил желбата за живот кога го запознал Абдел, алжирски емигрант. Во филмот, алжирскиот идентитет на Абдел е заменет со емигрант од Сенегал.
Креаторите на филмот се одлучиле на овој чекор бидејќи Омар веќе бил избран да ја игра улогата, долго пред да го завршат сценариото.
Абдел е роден и израснат во Алжир каде имал многу тежок живот. Започнал со ситни кражби што на крајот му донесло многу проблеми. Семејството го испратило да живее кај роднините во Париз, но за жал не можел да ги остави старите навики зад себе. Сепак тоа се менува кога се пријавил да работи како помошник на Филип, со што ризикувал да ја изгуби француската виза.
Абдел имал среќа да биде избран од самиот Филип, пред се’ поради неговата искреност и хумор, кои го привлекле. Филип не сакал сожалување – сакал да биде третиран како и секој друг човек.
И покрај тоа што знаел се’ за минатото на Абдел, Филип го вработил и веднаш се развила неверојатна хемија меѓу нив двајца, што подоцна прераснало до пријателство кое траело во текот на целиот живот.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива