Биле неколку жаби… Си седеле тие во Охрид на зима и нормално им било досадно… Во Охрид на зима скоро ништо не се случуваТ…
И рекле, ајде да се качиме на планинава, сигурно имат нешто интересно горе…
И тргнале… Одат, одат, се качуваат по планината и почнале да им ѕвонат телефоните…
– Абе што барате таму, нема ништо, ќе ве изедиТ нешто, вратете се..
Едната се вратила, другите продолжиле..
Пак започнале да ѕвонат телефоните…
– Вратете се, горе има волци, мечки… Ќе ве изеде нешто…
Се вратила уште една, останала само една жаба.
Таа одела, одела, паѓала, станувала… И после многу време и напор успеала да се искачи на врвот…
А таму… Убавина. Се’ што може да замисли и посака една жаба, вистинска убавина…
Таа жаба била глува…
Не ги слушала сите кои и’ кажувале дека не може, затоа што тие не можеле. Била посветена и упорна и стигнала до врвот.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива