На некој голем брод му се расипал моторот и никој не можел да го поправи. Сопственикот со секој поминат час губел огромна сума на пари.
Побарале помош од искусен машински инженер кој имал над 30 години работно искуство. Многу внимателно го прегледал моторот и од чантата извадил мал чекан. Внимателно удрил на дел од моторот со чеканчето и моторот започнал да работи.
Пристигнал сопственикот и прашал за цената на чинење на услугата, по што инженерот мирно кажал дека поправката чини 20.000 долари.
– 20.000 долари?! – извикал сопственикот. – Па речиси ништо не направивте! Дајте ни детална сметка за поправката.
Одговорот на инженерот беше едноставен и брз:
– Удирањето со чекан: 2 долари. Знаењето каде и како да се удри: 19.998 долари. Ако работам нешто и го завршам за само 30 минути, тоа е затоа што сум поминал 20 години учејќи како да го направам тоа за 30 минути. Цената на работата вклучува години, а не минути, кажал инженерот.
Важно е да го цените сопственото знаење и искуство… Затоа што тоа е резултат на долгогодишна борба, грижи, па дури и солзи.
Никогаш не ја продавајте вашата работа евтино!
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива