Еден ден, шетајќи по некоја планина, некој човек здогледал постара жена.
Ја прашал: Што правиш во оваа дивина сама?
Таа одговорила: Имам многу работа.
Како можеш да имаш толку многу работа? Не гледам ништо овде…?!
– Морам да тренирам два јастреби и два орли, да смирам два зајаци, да дисциплинирам змија, да мотивирам магаре и да скротам лав.
А каде се, не ги гледам?
– Ги имам внатре.
– Јастребите се нафрлаат на се’ што ќе им се најде на патот, добро или лошо, морам да ги тренирам да го прават тоа само во добри работи. Тоа се моите очи.
– Двата орли со канџите уништуваат се’ што ќе допрат, морам да ги научам да не повредуваат. Тоа се моите раце.
– Зајаците сакаат да одат насекаде, да не се соочуваат со тешки ситуации. Морам да ги научам да бидат мирни, дури и ако тоа боли или се сопнам некогаш. Тоа се моите нозе.
– Магарето е секогаш уморно, тврдоглаво, не сака да си го носи товарот. Тоа е моето тело.
– Змијата најтешко се скротува. Иако е затворена во силен кафез, таа е секогаш подготвена да ги гризе и отруе сите околу себе. Морам да ја дисциплинирам. Тоа е мојот јазик.
– Имам и лав. О, колку е горд, мисли дека е крал. Морам да го скротам. Тоа е моето его.
Имам многу работа.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива