мај 2, 2024

Во време кога се’ повеќе зовриваат страстите кај нас и се подготвуваме повторно да избираме од понуденото за избор, една поучна приказна, која можеби е само приказна, но одлично ја опишува состојбата во која се наоѓаме.

Дали знаевте дека ако ставите 100 црни и 100 црвени мравки во тегла, ништо нема да се случи?

Но, ако силно ја протресете теглата, мравките почнуваат да се убиваат едни со други. Црвените мравки почнуваат да ги сметаат црните мравки за свои непријатели, а црните ги сметаат црвените мравки за свои непријатели. За жал, вистинскиот непријател е, всушност, оној што ја тресе теглата.

Истото се случува и во човечкото општество. Значи, пред да се нападнеме помеѓу себе, да размислиме кој ни ја тресе теглата!

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука