Се сретнале лагата и вистината. Лагата рекла: Денеска е многу убав ден!
Вистината погледнала околу себе и во небото и навистина бил убав ден. Заедно отишле на прошетка.
Потоа лагата повторно рекла: Водата во бунарот е многу пријатна. Ајде да се искапиме.
Вистината повторно со сомнеж ја допрела водата и навистина била пријатна и топла. Бргу ги соблекле и влегле во водата.
Кога вистината веќе била длабоко во водата, лагата бргу излегла, ги облекла алиштата на вистината и побегнала.
Вистината излегла гола од водата и започнала да ја брка лагата.
Луѓето го гледале тоа и ги тргале луто настрана погледите од вистината, која се вратила во бунарот каде останала кријќи се посрамена.
Оттогаш лагата шета по светот облечена како вистина, а светот ја прифаќа, во исто време одбивајќи да ја види голата вистина.
Gibran Khalil Gibran
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива