ЖивоТ: Секој ден се случуваат ситници кои ни предизвикуваат сјај во очите, тој сјај – тоа е животот
јануари 23, 2023

Ова е последната колумна на прекрасната новинарка и радио водителка Горица Нешовиќ, која ја напиша само два дена пред смртта. Пишуваше за ЖивотоТ…

Живот

Сакам да имам и да трошам прилики. Ако тие не се случат сами по себе, ќе ги создадам. Не мора секоја да биде посебна. На крајот на краиштата, има многу малку такви – посебни во животот.

Кога ќе го отворам плакарот, тој е полн до врв. Некаде има и по две три работи на една закачалка, веќе нема место за ништо. Кога треба нешто облечам и да излезам, го тупам мозокот и по петнаесетина минути, затоа што не знам (немам) што да облечам.

Ајде да видам…

Убаво, ново сако, купено пред повеќе од петнаесет години во L. Ashley, со нежен цветен дезен… ццц… не е за овој ден, ќе го чувам за друга пригода.

Панталони, три пати носени, нови… и нив ќе ги чувам за некоја друга прилика.

Имам десетина бели кошули, две ми се големи, три се со преголеми деколтеа, една е веќе стара, три веќе ми се здосадија, а други три ги чувам за друга прилика. Насекаде паѓаат маички… Плакарот ми е полн со работи што не ги носам, но ги чувам за некоја посебна пригода.

Што значи посебна пригода или прилика денес?

Некогаш се зборуваше дека млад, згоден, добро ситуиран тип е „добра прилика“. Сега таква прилика е најчесто некој во бесен автомобил, постар, не ни мора да биде убав…

Добра прилика беше кога бев во банка да потпишам договор за кредит за стан, кога славам роденден или роденден на моето дете (но потоа носам фармерки и нешто друго удобно за да можам да трчам наоколу, да ми биде удобно кога имам гости ), интервју за ново работно место, Нова година, па годишнина на компанијата… Само во неколку наврати во текот на една година.

Кога разговарам со моите пријатели, на дневна основа – што се случува, што има и слично… сите се жалат на „оние мали глупости што им го загорчуваат животот и денот“. Твојата свекрва ти се јавува три пати на ден да праша дали детето се подготвува за матура, а комшијата секогаш се паркира на „моето место“, „во поштата има гужва до влезната врата“, „голема гужва во петок во сообраќајот“… Кога реално ќе погледнам – се’ се тоа само ситници. За среќа.

Често се прашувам зошто убавите ситници помалку ги забележуваме отколку лошите. Зошто се сеќаваме на лошите, а не на добрите работи? А тие секојдневни ситници ги има многу. Првото кафе наутро за време на викендите – кога ќе го помирисам, веќе се чувствувам подобро. Додека се вари уживам во слаткото од вишни на мајка ми. Последна тегла е, па ја штедам. Попладневното кафе оди супер со локум од роза, мек како душа (од Босиљчиќ).

Регионот во шок: Почина познанатата новинарка и водителка на утринска програма Горица Нешковиќ - Direkten.mk

Мојата куќа е полна со ситници-спомени. Дури ги чувам и билетите за концертите од кога бев девојче. Имам и колекција на „собирачи на прашина“ кои ги добивав во разни прилики.

Некои ги ставам во кутии, а некои ми седат на полиците. Многу ми значат, дури и да се мали и безвредни, но секое си има приказна – каде и од кого сум го добила, во која пригода…

Сакам да имам и да трошам прилики. Ако не се случат сами, ќе ги создадам. Не мора секоја да биде посебна. На крајот на краиштата, има многу малку такви посебни во животот. Свадби, крштевки, прослави… Чекањето на тие големи, мали, убави прилики многупати поминуваат покрај нас, но не ги гледаме. Мислиме дека се мали нешта.

Прилика е и кога ќе излезам на кафе со другарките, кога тие ќе ми дојдат да се дружиме и ќе се напијам пиво, кога наеднаш два дена патувам надвор од градот.

Во моите педесет и кусур години се случија многу настани, големи и мали, убави и грди, радосни и тажни. Како и кај сите.

Има неколку големи нешта во животот кои подразбираат радост – дипломирање, свадба, првата плата, раѓањето на децата, нов стан… а останатите претпоставувам се ситници.

Секој ден се случуваат ситници кои ни предизвикуваат сјај во очите.

Тој сјај – тоа е животот.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука