ЖивоТ: Тој не е совршен, не си ни ти…
февруари 19, 2023

Тој не е совршен. Не си ни ти, и вие двајца никогаш нема да бидете совршен пар. Но, ако еднаш успее да Ве насмее, да Ве натера да размислите за нешто двапати, и ако признае дека е само човек и прави грешки, чувајте го и дајте му најмногу што можете.

Тој нема да ти цитира поезија, нема да мисли на тебе постојано, но ќе ти го даде оној дел од себе, за кој знае дека можеш да го скршиш. Не го повредувајте, не го менувајте и не очекувајте повеќе отколку што може да ви даде.

Не анализирајте премногу. Смејте се кога Ве прави среќни, викајте на него силно кога ќе Ве налути и нека Ви недостасува кога не е тука.

Сакај силно кога веќе можеш да сакаш.

Затоа што совршени мажи не постојат, но секогаш постои еден, совршен за вас.

Bob Marley

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука