Во животот треба да имаме тројца пријатели, кои доколку ги почитуваме и ги држиме блиску до нас, ќе имаме мирен и успешен живот.
Првиот e дистанцата:
Знајте како да се дистанцирате. Не гушите никого со своето присуство. Понекогаш оддалечувањето и дистанцата од некого е единственото решение за да не се влоши пријателството или врската.
Вториот е трпението:
Многумина овој пријател ги однесол во Рајот. Ако го сакате и прифатите, тој ќе Ви помогне да се соочите со сите животни потешкотии, без разлика колку се тие големи и страшни.
Третиот е молчењето:
Тешко е да го имаш за пријател. Ако сепак успееш, не се одвојувај од него. Уметност е да знаеш да зборуваш, но уште поголема уметност е да знаеш и можеш да премолчиш!
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива