Живот: Ја викаа вештерка, зборуваше со животните и ја штитеше природата: Приказната за Simona Kossak
јуни 19, 2024

Длабоко во смарагдната прегратка на шумата Białowieża, на границата меѓу Полска и Белорусија, живееше жена која му пркосеше на конвенционалниот начин на живот. Simona Kossak, некои ја нарекуваа вештерка, за други го живееше животот од приказните или едноставно беше ексцентрична. Но, за дивите жители на оваа древна шума, таа беше роднина, заштитник, пријател…

Simona потекнуваше од познато семејство на полски сликари, што беше наследство, навидум предодредено да биде нејзино. Сепак, повикот на дивината одекнуваше многу погласно во нејзиното срце. Повеќе од три децении, рустикалната дрвена колиба Dziedzinka, сместена меѓу високите дабови, стана нејзино светилиште. Тука, таа го прифати животот без струја и вода и се предаде на едноставноста и ритамот на шумата.

Dziedzinka не беше само живеалиште, таа беше засолниште за суштествата кои Simona ги сакаше. Најдобар пријател и’ беше гавранот Korasek, но и дивата свиња, со која таа вели дека изградиле извонредна врска, со која го делеше просторот за живеење. И скротениот рис, вистинско суштество на дивината, најде утеха, свиткана покрај Симона во нејзиниот кревет.

Приказните за нејзината врска со шумските жители се легендарни. Stanisław Myśliński раскажува за „делата“ на гавранот Korasek: крадење на пари и други предмети како и бестрашни напади врз кутрите  велосипедисти.

Овие суштества за Simona не беа само домашни миленици, тие беа семејство. Елен ги донесе на свет своите младенчиња на нејзиниот праг, младите сирачиња од лос најдоа засолниште во нејзиниот дом. Simona, самопрогласената „зоо Мајка Тереза“, го отвори домот и срцето за сите големи и мали суштества.

Шумата Białowieża пулсираше од живот, а Simona стана нејзин жесток заштитник. Во 1993 година, таа силно реагираше кога истражувачите се обидоа да заловат загрозени волци и рисови за радио-следење со помош на сурови стапици за нозете. Simona, им ги одзела уредите, одбивајќи да биде соучесник на такви варварски методи. Таа застана цврсто, дури и пред лицето на законот, верувајќи во својата непоколеблива верба во заштита на шумата.

Оваа непоколеблива посветеност се прошири надвор од научната заедница. Ловот, традиција длабоко вкоренета во историјата на нејзиното семејство, не наиде на одобрување кај Simona. Благосостојбата на жителите на шумата и’ беше многу поважна од кој било аристократски обичај или традиција.

Со децении, Simona алармираше на сечата на дрва, ловот, растечката закана од климатските промени, промени кои фрлаа темна сенка врз древната дивина што таа ја негуваше. За жал, нејзините најлоши стравови се остварија. Откако почина во 2007 година, беше доведено во прашање самото постоење на шумата Białowieża. Сечата на дрвјата, поттикната од профитот го опустоши пределот. Додека протестите на еколошките здруженија привремено го запреа уништувањето, иднината останува неизвесна.

Наследството на Simona – шумата и нејзините диви жители сега виси на конец. „Вештерката“, „самовилата“, жената која ја надмина поделбата човек-животно, ја предвиде оваа криза. Можеби сега, нејзиниот дух оди заедно со самите суштества за кои се залагаше и толку ги сакаше, споделувајќи ја нивната тивка тага додека се уништува нивниот рај.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука