Едно време имавме образование, сега имаме позајмени искуства, наставници со наведнат поглед, министерки со непромислени одлуки, паралелки со 20-тина деца за кои не можеме да испечатиме учебници.
Имаме се’ поубави училишта, а се’ помалку дечиња, најдобрите ни бегаат надвор затоа што не знаеме како да ги задржиме тука, образованието е сведено на бројки, статистика за нечиј успех. Оценката стана најважна, а не знаењето, TikTok и Instagram ни ги „грабнаа“ децата кои се затруја со политика, криминал, лажни „идоли“ и „инфлуенсери“.
Дојде некое чудно време кога е непристојно да си пристоен, кога тешко се крева глас против неправдата, глупоста, злото, кога законите важат за сите и сите се исти, ама ете некои се малку поисти од другите, кога поминуваме покрај сограѓанинот кој лежи на улица или на кејот, кога левата рака дава, а десната го слика „делото“ за на социјалните мрежи, кога живееме два животи, еден за пред другите, еден за нас…
Кога ќе биде подобро и кога ние ќе станеме подобри…
– Едно време учителите ги оценуваа учениците, сега учениците и родителите ги оценуваат учителите,
– Едно време знаевме илјадници одговори, сега не знаеме ни илјадници прашања,
– Едно време професорите беа почитувани и респектирани, сега се писари,
– Едно време се тресевме пред Хемичаркана и Грнчарова, сега се тресат професориве пред детето од некој политичар, директор или локален мафијаш,
За да уништите еден народ не ви се потребни нуклеарни бомби ниту ракети. Доволно е да го намалите квалитетот на образованието.
Пациентот умира од рацете на доктор кој дипломирал со измама.
Зградата се руши поради инженерот кој дипломирал со измама.
Имотот се губи поради сметководителот кој дипломирал со измама.
Губењето на правдата може да се случи поради судијата кој дипломирал со измама.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива