1. Избегнувајте да давате саркастични забелешки.
2. Ако веќе се случи тепачка, удрете први и удрете силно.
3. Никогаш не се ракувајте додека седите.
4. Зависта на пријателите е полоша од омразата кон непријателите.
5. Слушајте што луѓето имаат да кажат. Не ги прекинувајте.
6. Чувајте тајни.
7. Не плашете се од никого и ништо.
8. Бидете храбри. Дури и да не сте, барем преправајте се дека сте.
9. Пазете се од луѓе кои немаат што да изгубат.
10. Изберете го вашиот животен партнер внимателно. 80% од целата ваша среќа или мизерија ќе зависи од таа одлука.
11. Ако гори куќата на вашиот сосед, во опасност е и вашата.
12. Никогаш немој да се фалиш себе, ако има пофалби, нека доаѓаат од другите.
13. Бидете добар губитник.
14. Не ги жнеете плодовите на она што никогаш не сте го посеале.
15. Кога сте во неволја вдишете длабоко и дистанцирајте се.
16. Дајте им на луѓето втора шанса, но никогаш трета.
17. Внимавајте кога палите мостови. Никогаш не знаете колку пати ќе треба да ја поминете истата река.
18. Запомнете дека 70% од успехот на кое било поле се заснова на справување и работа со луѓе.
19. Бранете ги малолетниците, заштитете ги беспомошните.
20. Преземете ја контролата врз вашиот живот, не дозволувајте некој друг да одлучува наместо вас.
21. Посетете ги пријателите и роднините кога се во болница.
22. Најголемото богатство е здравјето.
23. Размислете неколку пати пред да го оптоварите пријателот со некоја ваша тајна.
24. Чувајте тетратка и пенкало до креветот каде спиете. Идеите кои се вредни милиони се појавуваат во зората.
25. Покажете почит кон секој што работи и чесно заработува за живот, колку и да е едноставна професијата.
26. Секогаш облекувајте се соодветно.
27. Заблагодарете се и пофалете го секогаш оброкот кога сте во нечија куќа.
28. Не дозволувајте телефонот да ви пречи во важните животни моменти.
29. Не останувајте таму каде што не сте добро примени.
30. Сите „сакаат“ да гледаат како растете професионално, се’ додека не почнете да ги надраснувате.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива