Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските и струшките таленти сè посериозно и попосветено се подготвуваат за нивните настапи на талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.
Вчера се одржа првата елиминациона аудиција со кандидатите.
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид жири комисијата имаше тешка задача.
– Помина првата елиминациона емисија на Ohrid SUPERSTAR. Беше тешко да се одлучиме кои учесници ќе отпаднат и дадовме сè од себе тоа да го сториме најобјективно а да не повредиме никого, вели Јовица Карајлиевски, член на жири комисијата.
Видео материјалот од вчерашната аудиција ќе се емитува на програмата на Регионалната О2 телевизија следната сабота во 20:30 часот.
Во текот на април е предвидено големото полуфинале и финале. Најдобрите ќе се одбираат по две основи: според гласовите на жири Комисијата и според гласањето на публиката, што ќе важи само за полуфиналната и финалната вечер. Предвидени се богати награди – парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и започнување на Тв и Радио проект.
Редовно информации можат да се добијат на официјалната страница на Facebook.
Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива