март 7, 2018

Охрид, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Испитување на можностите со селскиот водовод да стопанисува и да го одржува МЈП „ Проаква“-Р.Е Водовод-Охрид, побараа жителите на Куратица на синоќешната средба со градоначалникот Јован Стојаноски и општинските служби.

Освен тоа било побарано и да се оспособи за сообраќај веќе пробиениот пат до селото Брежани во општина Дебрца, да се асфалтира патот до црквата Света Богородица, да се подобри мрежата за улично осветлување и да се наложи, ГП „Гранит“ да ги исчисти каналите кај каменоломот со кој стопанисува.

kuratica sredba 2

Претставниците на локалната одговорија дека ќе се одржат дополнителни средби со месната заедница, на кои  ќе се договара динамиката за етапно решавање на споменатите и другите комунални проблеми.

Инаку, со синоќешната средба завршија планираните активности на градоначалникот, општинските служби и директорите на јавните претпријатија за посета и разговори во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука