Охрид, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на улицата „Македонски Просветители“ се без снабдување со вода, поради дефект на водоводната мрежа на потегот пред зградата на ЕВН.
– Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „7-ми Ноември“ (прв дефект) и „Македонски Просветители“, како и улицата „Дејан Војвода“ (втор дефект), информираат од ЈП „Водовод“ од Охрид.
Додават дека екипите се на терен и работат до комплетно отстранување на дефектот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 110