Охрид, 23.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Без вода за пиење денеска ќе останат потрошувачите од улиците „Ванчо Николески“ и „Ристо Чадо“.
Прекинот, како што информираат од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ –Водовод Охрид, ќе трае до 12 часот.
Причината, велат од „Водовод“, е интервенција во водоводните линии од кои овие две улици се снабдуваат со вода.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 29