Струга, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жители на населбата „Елен Камен“ во близина на Струга, преку допис до редакцијата на Супер радио и OhridPress реагираат на состојбата во која се наоѓа пристапниот пат.
– Патот за викендичките во „Елен Камен“ е целосно демолиран и тешко прооден. Сите ги испокршивме автомобилите, постојано се со дупнати гуми и многу тешко стигнуваме до дома. Сето тоа на средина од туристичката сезона. Работници нема на патот. Како да се санира овој проблем? Имаме мали деца и стари луѓе тука, реагираат во дописот.
Населбата „Елен Камен“ се наоѓа на околу стотина метри од комплексот во Калишта. Станува збор за атрактивна и тивка населба која нуди сместувачки капацитети и живописна природа, како и недопрени, диви плажи во кои посетителите можат да уживаат во мирот и звуците на езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива