Струга, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Службите за граничен надзор Запад поднесоа кривична пријава против 51-годишниот К.Р., жител на Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа”.
На 15 април оваа година, на граничниот премин Ќафасан, полициски службеници извршиле детален преглед на возило во сопственост на пријавениот. Од извршената контрола и прелеминарна анализа на возилото било констатирано дека е извршен фалсификат на бројот на шасијата, односно делот со втиснатиот број потекнува од друго возило. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24