Струга, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Четириесет и едногодишен жител од струшкото село Велешта се обидел да го убие својот десет години помлад брат.
Од СВР Охрид информираат дека немилиот настан се случил ноќеска, пет минути по полноќ.
– Пријавениот, прво го удрил со пиштол својот брат, а потоа пукал и го повредил во слабината. Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга каде што му е укажана соодветна медицинска помош и е надвор од животна опасност, велат од Секторот.
Напаѓачот веднаш избегал од местото на несреќата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 23