август 27, 2019

Струга, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Н.А. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– На 16-ти август 2019 година, во козметички салон на улица „Велко Влаховиќ“ во Струга, по вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал 39-годишната Ѓ.Р.Ф. од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука