Струга, 17. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти февруари 2024 година, во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со 35-годишно лице од струшкото село Велешта, поради сомнение дека околу 15:45 часот физички нападнал 25-годишно лице од селото Вевчани на неговото работно место на бензинска пумпа на магистралниот пат А-2.
– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 39