Жител на Дебар приведен во Струга, крадел вреќи со пелети од влез од зграда
јануари 4, 2025

Струга, 4. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јануари 2025 година, во 00:30 часот, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Струга, лишен е од слобода 51-годишен жител на Дебар кој претходно, од влез од зграда во Струга, бесправно одзел седум вреќи со пелети.

– Истите, се пронајдени и вратени на сопственикот а против сторителот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука