август 16, 2019

Струга, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти август 2019 година, околу 04:30 часот, пред угостителски објект во струшкото село Мислешево, нарушен е јавниот ред и мир.

– Регистриран е физички напад од страна на лицето Ф.Т. од селото Калишта врз 19-годишнито А.П. од селото Злести, општина Дебрца. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука