News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
јули 5, 2019

Струга, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот А.У. од струшкото село Корошишта.

– Тој, со лажно прикажување на факти, ја довел во заблуда 36-годишната М.К. од Поградец, Република Албанија, која, на 17-ти јануари 2019 година, на пријавениот на трансакциска сметка му пратила пари за отварање на заедничка фирма во Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука