март 27, 2017

Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот Д.К. од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,измама”.

Во месеците февруари и март минатата година пријавениот истакнал оглас на интернет огласувач дека нуди вработување во странство, за што лажно се претставувал дека е Д.Н. од Скопје и дека посредува за добивање на работа во Германија. Во неколку наврати, довел во заблуда две лица од Охрид кои на трансакциска сметка од пријавениот уплатиле износи од 90.400 денари. По поминување на договорениот рок, не добиле никакво известување за тоа кога ќе бидат работно ангажирани. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука