Охрид, 22. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 40-годишниот Г.П., синоќа во 22:50 часот, во куќа во охридското село Подмолје, го пронашол починат неговиот татко, 62-годишниот С.П. со рана во пределот на вратот.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22