Струга, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Ќ.Р. од струшкото село Радолишта.
– Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 минатиот месец на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено паркирано патничко моторно возило марка „Ауди“ со американски регистарски ознаки. Влегол во возилото, ја отворил хаубата, поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и избегал, информираат од СВР Охрид.
Одземањето на возилото, во Полициската станица во Струга е пријавено на 23-ти минатиот месец, по што биле преземени неопходните оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива