Струга, 24. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јануари 2023 година, околу 19:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „Ристо Крле“ во Струга, патничко возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 23-годишниот Д.Ф. од струшкото село Франгово, удрило во пешаците, 64-годишниот Т.Ш. и 60-годишната В.Ш., двајцата од Струга.
– Во несреќата, Т.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.Ш. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25