мај 9, 2017

Струга, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Н.М. од струшкото село Радолишта.

Лицето се сомничи за сторено казнено дело „кражба на дрва“.

Пријавениот, во периодот од 21-ви април до први мај оваа година, од месноста „Мартинов кутел“ во атарот на селото Вишни, противправно одзел околу 30 метри просторни огревно дрво даб и бука, исечени и наместени за дотур. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука