Струга, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Тој, на катастарска парцела во близина на селото, покрај магистралниот пат Струга-Ќафасан, без одобрение издадено од надлежен државен орган, неовластено изградил деловен објект, што било констатирано од извршен инспекциски надзор, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 37