Струга, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекна лицето Л.Л.(40) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење”.
На 21-ви овој месец, во 09.30 часот, полициски службеници при полициската станица за ГН-Франгово на локалниот пат Струга-Радожда при контрола и преглед на патничко моторно возило марка “Мерцедес 190” со струшки регистарски ознаки, сопственост и управувано од пријавеното лице, на предното седиште од совозачот пронашле три најлонски кеси со риба пастрмка. Во ќесите имало 38 парчиња со вкупна тежина од околу 20 кг. Пријавениот не поседувал соодветна документација од каде е набавена рибата. (Крај)
извор: ОхридПрес/МВР фото: архива
Прочитано: 39