Жител на струшко Џепин настрадал додека собирал дрва во Корошишта
мај 21, 2017

Струга, 21. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – 56-годишниот Р.К. од струшкото село Џепин, вчера околу 12:00 часот, додека собирал дрва во селото Корошишта, бил пристинат од едно дрво, по што починал на местото.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар од Струга.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица од Струга, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука