Манчестер, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако пропадна трансферот на Виктор Линделоф од Бенфика во Манчестер јунајтед ,Жозе Мурињо не се откажува од идејата да ангажира нов квалитетен дефанзивец во зимскиот преоден рок.
Најнова цел на португалецот е Костас Манолас, одбранбениот фудбалер на Рома, за кого „црвените ѓаволи“ се подготвени да искешираат 55 милиони евра.
Манолас кој е поранешен член на Олимпијакос игра одлично во Серија А оваа сезона и е еден од главните носители на играта на „римската волчица“. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16