Белград/Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ракијата „Фаланга жолта“ и „Фаланга жолта-бела“ на дестилеријата Monastery Winery од Охрид освоија Златни медали во категоријата „ракија од грозје“ на Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворениот Балкан“, кој денеска завршува во Белград, Србија.
Наградата е уште повредна, ако се знае дека на саемот учествуваа повеќе од 650 изложувачи од бројни винарии, дестилерии и гастрономски компании од 38 земји, меѓу кои: САД, Франција, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Либан, Мексико, Португалија, Швајцарија, Тунис, Уганда, Обединетото Кралство и други земји.
Гости на Белград беа и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива