Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тематските забави во Кадмо лаунџ барот продолжуваат утревечер се’ со цел подобра забава и анимација на посетителите.
Утре охриѓани ќе можат да се забавуваат по повод петок 13, а за музиката ќе биде задолжен Петар Маркоски. На акустичната забава ќе бидат отсвирени и отпеани најголемите македонски и странски поп и рок хитови.
Петар Маркоски моментално е актуелен како член на музичкиот проект Петар Маркоски Квартет, а настапува и соло. На музичката сцена се појави прво како член на охридскиот поп-рок бенд Stuck on, а потоа соло кариерата ја започна прво појавувајќи се на музичкото талент шоу М2, а потоа и со издавање на соло теми.
Има реализирано и неколку соработки со други македонски музичари, меѓу кои, новиот сингл со Горан Папаз – „Еден живот“.
Утрешната забава е со почеток во 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива