Охрид, 5. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Забележителен успех постигнаа учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти на натпреварот „Игри без граници“, во организација на извидничко езерскиот одред „Пионер“ од Охрид.
Покрај дружењето и забавата на учениците од четврто до шесто одделение со нивните врсници од другите училишта ги освоија: трето место – четврто Б одделение и прво место – шесто Б одделение.
Училиштето „Живко Чинго“ и во иднина ќе ги поддржува ваквите настани од спортско рекреативен и натпреварувачки карактер.
На натпреварот „Игри без граници“ учество зедоа сите училишта во нашиот град. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17