Охрид, 23. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Административните работи за комплетна санација на улицата „Абас Емин“ се завршени.
– Предметот е веќе во Европска банка за обнова и развој и после таа процедура Министерството за транспорт и врски ќе го распише тендерот, порача градоначалникот Константин Георгиески.
Тој додаде дека се надева дека до распишување на изборите ќе биде распишан тендерот од страна на Министерство за транспорт и врски за да може да тече процедурата.
Деновиве започна санацијата на ударните дупки на оваа улица, која е од исклучително значење за граѓаните кои живеат во овој дел на градот, поради фактот што ги поврзува Булеварот „Туристичка“ со „Железничка“, двете најважни и најфреквентни улици во градот.
Од ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид неодамна обвинија дека се скратени средствата за реконструкција на улиците „Македонски просветители“ и „Абас Емин“.
– Не ги потценувајте жителите на улицата „Абас Емин“ и целата Урбана заедница зато што знаат дека не го решавате нивниот проблем туку непотребно трошите пари на крпење ударни дупки. Провидни сте и ветувате лажно поради изборите, а реалноста е дека „Абас Емин“ остана без водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес