Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во црквата Св. Софија ќе се одржи завршниот концерт на учесниците на втората Меѓународната кларинетска академија што се одржуваше во Охрид.
Покрај учесниците ќе настапат и неколку професори, како и гости кларинетисти. Концертот е со почеток во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен.
Изминативе денови во ОМУ „Методи Патче“ ученици, студенти, професори и кларинетисти од земјава и странство учествуваа на втората Меѓународна кларинетска академија – CLARUS. Предавачи на семинарите и работилниците беа Илиан Илиев истакнат кларинетист и Петар Танески професор по кларинет и артист. Покрај теоретските предавања двајцата предавачи работеа и одделно со активните учесници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива