Струга, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со доделувањето на наградата „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна, денеска во Струга заврши седмото издание на поетскиот фестивал „Струшки книжевни средби – 2017“.
Манифестацијата, покрај во Струга, се одржуваше и во Охрид и Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и меѓународната ревија за книженост „Бранувања“.
Во рамки на годинашните „Струшки книжевни средби“ беше претставен портретот на српскиот сатиричар Александар Чотриќ, а беа доделени и наградите „Книжевна далга“ на академик Ристо Василевски, како и наградите „Струшко слово“ на Мујо Бучпапај од Албанија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и на Панде Манојлов од Македонија. Доделени беа и наградите „Јован Котески“ на Стефан Марковски и наградата „Крсте Чачански“ на Зоран Јакимоски.
За време на манифестацијата, во село Вевчани се одржа поетски митинг и беше претставена современата српска поезија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива