август 31, 2019

Охрид, 31. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Даниела Јовановска е добитник на главната награда – посета на Париз, градот на светлината и секако неповторливиот Дизни Парк во рамките на последниот МЕГА проект „Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд.

Заедно со познатиот глумец Горан Стојаноски или како што го препознаваат најмладите – инспекторот Томе, на платото пред големиот маркет на „Тамаро“ во склоп на фабриката „Братство“, вечерва се доделија многу награди, но и многу насмевки за најмладите охриѓанчиња, кои добија многу од омилените „Стоби Флипс“. Марија В. ја доби втората награда – микробранова печка, а Александар П. ја освои третата награда – огромен пакет вкусни „Витаминка“ производи.

https://youtu.be/CrykTs9O1zQ

Изминативе два месеци, купувачите во охридските „Тамаро“ маркети зедоа активно учество во оваа наградна игра. Со едноставно купување на највкусните „Стоби флипс“ и испраќање на личните податоци и кодот на сметката по SMS или оставање во некоја од посебно обележаните кутии, кои беа поставени во сите маркети во Охрид и Струга, тие веќе стануваа потенцијални добитници на некоја од наградите.

Наградите во живо преку видео streaming на официјалната Facebook страна на „Тамаро“ ги додели познатиот глумец Горан Стојаноски, кој беше заштитно лице на овој проект.

Даниела, заедно со уште едно лице ќе патува за Париз, а „Тамаро“ и Витаминка уште еднаш докажаа дека се СУПЕР бренд и најавуваат уште многу слични настани, на радост на своите купувачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука