Охрид, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Комплетирана реконструкцијата на пештерната црква „Св. Богородица“, лоцирана во селото Велгошти.
Реконструктивните зафати траеа четири месеци со екстремно тешка акција поради непристапноста и конфигурацијата на теренот.
– Но, заеднички сѐ се може. Месното население помогна во носењето на материјалите, вели за Супер радио и OhridPress Тони Брдароски.
– Камбанаријата комплетно е завршена, кујната е обложена и заштитена од надворешни услови, како и чешмата. Средствата за реконструкцијата беа обезбедени од мојата фамилија и помал дел донации за и околу ручекот по акцијата за пренос на материјалите, рече Брдароски.
Пештерската црква „Св. Богородица“ во селото Велгошти е изградена кон крајот на XIV век, кога е и нацртан фрескоживописот. Поради пожар пресликана е во 1995 година. Од некогашниот фрескоживопис сочувани се остатоци во олтарниот простор и тоа претставата на „Св. Богородица со малиот Христос“ и по еден ангел од страната.
Оваа е најмала ваква црква на охридското крајбрежје, со најмалку сочуван оригинален фрескоживопис. Претставува изолирана црква, идеална за потребите на монаси. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Тони Брдароски