Загреб, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот сојуз на Хрватска објави дека репрезентативецот и играч на Јувентус, Марко Пјаца поради повреда на коленото ја заврши сезоната.
Марко Пјаца се повреди на пријателскиот натпревар одигран во вторникот во Талин, против Естонија.
Медицинскиот тим на хрватската репрезентација соопштил дека Пјаца ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и оваа повреда бара сложен хируршки зафат, а рехабилитацијата трае околу шест месеци. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23