јули 1, 2019

Охрид, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј, викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“.

Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.

На манифестацијата беа доделени следните награди:

1 место најубава песна – „Загубена“ од Јован Миноски
2 место „Фенерот на татко ми“ од Гордана Бохулски-Кароловска
3 место „Само ние не знаеме“ од Блажо П. Стојаноски
Најдобар млад автор – Ана Томоска и Исидора Костовска
Најдобар странски автор – Татјана Томиќ
Најдобра интерпретација на песна – Мери Арсовска со „Молитва“
Награда за животно дело – Анастас Ќушкоски

Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески. Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Анастас Ќушкоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука