октомври 16, 2019

Охрид, 16. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици и наставници од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец учествуваа во завршната фаза од проектот за меѓуетничка интеграција со партнер училиштето ООУ „Јунус Емре“ од Лисичани, општина Пласница.Image may contain: 5 people, people smiling, people sitting and shoesImage may contain: 4 people, people smiling

Во заедничката средба која се одржа во селото Лисичани, учествуваа 50 ученици и 20 наставници. Учениците водени од тандем наставници учествуваа во географска, германска, биолошко-хемиска, македонско-турска, спортска и психолошка работилница за врсничко насилство. На работилниците учениците изработуваа хамери на македонски и турски јазик што ќе бидат изложени на ѕидовите во двете училишта. Беа изработени хамери за туризмот во Република Македонија, лековитите својства на растенијата, придавки на германски јазик, учтива комуникација во училиштето и хамери за спречување на врсничкото насилство. Учениците зедоа учество и во спортски натпревар во фудбал. Преку фер плеј игра учениците се натпреваруваа и другаруваа. Со одржаните работилници учениците ги збогатија своите знаења. Ја развија меѓусебната соработка и толеранција. Исто така преку непосредна интеракција ја подобрија тимската работа, ги намалија предрасудите и ги подобрија интерперсоналните односи помеѓу двата етникуми, информираат од ОУ „Ванчо Николески“.

Image may contain: 5 people, people sitting, table and indoor

Image may contain: 7 people, people smiling, people standing

Image may contain: one or more people and people standing

Image may contain: 1 person, outdoor and nature

Додаваат дека целта на овие средби е преку интерактивни работилници да се бришат меѓуетничките бариери кај учениците и да се промовира интеграција, толеранција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука