News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 1, 2014

Скопје, 1. ноември 2014 (ОХРИДПРЕС) – Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Во сабота, некаде помеѓу ноќта и утрото, од петок кон саботата, се посетуваат местата на почивање на блиските, се палат свеќи во нивна слава и чест, се спомнуваат нивните дела и сеќавањата на нив. Оваа традиција на сеќавање и почитување е за потреби на човекот, да се потсети на чувствата кон блиските, и за сопствната минливост и потребата да создава љубов, пријателство и мир околу себе додека е на веков.

Задушница се практикува меѓу православните христијани и обележува уште од 12 век. Тоа е денот кога молитвата се посветува на претците, и се остава трага нивна во нас, како што ние очекуваме дека нашите потомци ќе се сеќаваат на нас. Освен тоа, според Житието, денешниот ден се памети како ден кога во време на иконоборството во 8. век е пронајдена, по трет пат, главата на Свети Јован Крстител и однесена во местото Комане, место на прогонство на Свети Јован Златоуст. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука